Познати двојките за НБА плеј-оф разигрувањето: Шампионите со Бруклин, Дончиќ и Далас со ЛА Клиперс

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од НБА сезоната познати се седум од осумте двојки за првото коло од плеј-оф разигрувањето кое почнува следната недела.

Единствен преостанат дуел кој не е познат е оној на најдобрата екипа од Западната конференција, ЛА Лејкерс. Треба да биде позната само уште екипата која ќе биде осмопласирана на Западот, а тоа може да биде Портланд, Феникс или Мемфис. За осмиот носител во плеј-офот ќе одлучува таканаречниот „плеј-ин“, дуелот меѓу осмата и деветата екипа.

Во Источната конференција, екипата со најдобар учинок во целата лига, Милвоки ќе се соочи со осмопласираниот Орландо, додека актуелните шампиони Торонто ќе играат со Бруклин во првото коло од плеј-офот.

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА (ПЛЕЈ-ОФ)
ЛА Лејкерс (1) – Портланд/ Феникс/ Мемфис (8)
ЛА Клиперс (2) – Далас (7)
Денвер (3) – Јута (6)
Хјустон (4) – Оклахома (5)

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА (ПЛЕЈ-ОФ)
Милвоки (1) – Орландо (8)
Торонто (2) – Бруклин (7)
Бостон (3) – Филаделфија (6)
Мајами (4) – Индијана (5)

Се вчитува...