Познати фаворитите за освојување на „Златната топка“: Роналдо и Меси во сенка на Бензема и Салах

И оваа година ќе се доделува најпрестижната индивидуална фудбалска награда, „Златната топка“, за која со сигурност се знае дека нема да замине во рацете на бранителот од минатата сезона, Лионел Меси.

Признанието нема да го добие ниту Кристијано Роналдо кој нема најдобра сезона во Јунајтед, а обложувалниците веќе ги одредија фаворитите за тоа кој ќе ја понесе оваа награда.

Засега, прв фаворит е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој игра во блескава форма и кој го води својот клуб кон нова титула во Ла Лига.

За Бензема да ја освои Златната топка моменталните квоти според светските обложувалници се 2.50. Најголеми конкуренти на Французинот се фудбалерите кои играат во Премиер лигата, Мохамед Салах и Кевин Де Брујне.

Конечниот избор ќе биде познат откако ќе се увидат и признанијата кои играчите ќе ги освојат на тимски план.

Се вчитува...