Познати групите за АТП купот

Одредени се групите за второто издание на тенискиот АТП куп. Минатогодишниот шампион Србија, кој ќе биде предводен од најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во групата А за противници ќе ги има Германија и Канада.

Во групата Б минатогодишниот финалист Шпанија ќе игра со Грција и Австралија. Ц сегментот го сочинуваат Австрија, Италија и Франција, додека во Д групата се наоѓаат Русија Аргентина и Јапонија.

Турнирот ќе биде одржан во периодот од 1. до 5. февруари. Најдобрите селекции од секоја група идат во полуфиналето.

Се вчитува...