Познати групите за АТП завршниот турнир во Торино

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од Зелената група на АТП завршниот турнир во Торино. Тој за противници во овој сегмент ќе ги има Гркот, Стефанос Циципас, Русинот, Андреј Рубљов и Норвежанецот, Каспер Руд.

Во Црвената група меѓусебно ќе се сретнат Данил Медведев од Русија, Александар Зверев од Германија, Италијанецот Матео Беретини и Полјакот Уберт Хуркач. Натпреварите на завршниот мастерс почнуваат во недела, а титулата од лани ја брани Русинот, Данил Медведев.

 

 

Се вчитува...