Познати групите за кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Токио

Познати се групите за машкиот и женски кошаркарски турнир на Летните олимписки игри во Токио. Актуелниот шампион САД ќе биде носител во групата А каде ќе игра со Франција, Иран и со победникот од квалификацискиот турнир ви Канада, каде покрај домаќинот уште се и (Грција, Кина, Уругвај, Чешка и Турција). Доколку Србија ги помине квалификациите во Белград каде за противник ги има (Нов Зеланд, Доминиканска Република, Порторико, Италија и Сенегал) во групата Б од ЛОИ ќе игра со победникот од квалификациите од Сплит (Хрватска, Бразил, Германија, Русија, Мексико и Тунис), како и Австралија и Нигерија. Во Ц сегментот се Аргентина, Јапонија, Шпанија и победникот од квалификациите во Каунас (Литванија, Словенија, Полска, Ангола, Венецуела и Јужна Кореја).

Турнирот ќе се игра во периодот од 26. јули до 8. август, а во четвртфиналето ќе се пласираат првите две репрезентации од секоја група, како и најдобрите две третопласирани. Квалификации пак за кошаркарскиот турнир во ЛОИ се во периодот од 29. јуни до 4. јули.

Кај дамите актуелниот шампион САД се најде во групата Б заедно со домаќинот Јапонија, Франција и Нигерија. Србинките ќе играат во А сегментот со Канада, Шпанија и Јужна Кореја, додека во Ц групата се најдоа Австралија, Порторико, Кина и Белгија. Како и во машкиот дел од турнирот првите две репрезентации од секоја група и двете најдобро третопласирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Турнирот е на програмата од 26. јули до 8. август.

Се вчитува...