Познати можните противници за Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ: Хелсинки, Нефчи, Шахтјор Солигорск, Бодо, Мура…

Македонскиот шампион Шкендија на 15. јуни ќе ги дознае можните противници за 1. квалификациско коло во новата сезона од Лигата на шампионите.

Ждрепката во Нион за квалификациските кола од ЛШ е закажана за 15. јуни, а следниот ден ќе биде и ждрепката за првата квалификациска рунда од новата Конференциска лига на УЕФА во која ќе не претставуваат Шкупи, Силекс и Струга ТЛ.

Можни противници на Шкендија, која согласно рејтингот ќе биде носител во првото квалификациско коло се Хелсинки од Финска, Шахтјор Солигорск од Белорусија, азербејџански Нефчи, ирски Шамрок, шампионите на Велс, ЦСК, шампионот на Исланд, Валур Рејкјавик, норвешки Бодо, словенечка Мура, шампионот на БиХ, Борац Бања Лука, летонска Рига, шампионите на Малта, С. Ирска и Албанија.

Првите натпревари од 1. квалификациско коло во ЛШ ќе се играат на 6/7. јули, додека натпреварите од Конференциската лига во 1. квалификциско коло се на 8. јули.

Се вчитува...