Познати номинираните спортисти во изборот за „Спортист на Македонија за 2023“ (ФОТО)

Агенцијата за млади и спорт ги соопшти номинациите во сите девет категории за традиционалниот избор на „Спортист на Македонија за 2023 година“.

Во најпрестижната категорија, „Спортист на годината“ номинирани се петте спортисти кои ја одбележаа изминатата година: кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, автомобилистот Игор Стефаноски – Иџе, таеквондистот Дејан Георгиевски и борачот Ахмад Могамедов.

Во женска конкуренција, пак, номинирани се: ракометарката Сара Ристовска, светската шампионка во боди-билдинг Мери Акиевска, тенисерката Лина Ѓорчевска, кикбоксерката Андреа Костовска и европската шампионка во бразилски џиу-џицу Даниела Алексовска.

Во изборот на најдобрите, ќе бидат избрани и најдобрите млади спортист и спортистка, најдобриот тренер, најуспешниот машки и најуспешниот женски тим, најдобриот спортист со инвалидитет, и најдобрата национална федерација.

По објавата на номинациите од страна на Агенцијата за млади и спорт сега ќе следи гласањето од страна на националните федерации и домашните медиуми, по што ќе бидат прогласени најдобрите за 2023 година.

 

Се вчитува...