Познати официјалните состави за мечот Карабах – Силекс

Тренерот на Силекс, Горан Симов, без посебни изненадувања го одреди стартниот состав за мечот против Карабах во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку на загревање веќе истрчаа следните единаесетмина на кратовскиот тим: Божиновски – Тимовски, Грозданоски, Драшковиќ, Карчески – Ристов, Серафимовски, Мустафов – Ивановски, Татнтуровски, Георгиев.

Домаќинот Карабах исто така ќе истрча во најдобриот состав. Тренерот Гурбан Гурбанов им даде шанса на следните фудбалери: Магомедалијев, Медведев, Медина, Хусејнов, Гериер, Матиќ, Ибрахимли, Озобиќ, Ромеро, Зубир, Емрели.

Главен судија на натпреварот е Украинецот Јарослав Козик. Ќе му помагаат Виктор Нижник и Володимир Коротин. Четврти судија е Анатолиј Абдула. Мечот почнува во 18 часот.

Се вчитува...