Познати се сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Aтлетико Мадрид и Борусија Дортмунд се последните патници во Лигата на шампионите откако денеска беа поуспешни во своите противници во двата реванш осминафинални дуели во елитното натпреварување.

Овие два тима им се приклучија на шесте екипи кои веќе претходно обезбедија пласман меѓу осумте најдобри на стариот континент. Три претставника во оваа фаза ќе има Шпанија,  откако Атлетико Мадрид им се приклучи на Барселона и на Реал Мадрид. Покрај актуениот шампион Манчестер сити, Англија ќе ја претставува и Арсенал. Два претставника ќе има и Германија во имињата на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Еден претставник во четвртфиналето ќе има Франција во името на Пари Сен Жермен, додека Италијанците годинава ќе останат без свој претставник во овој дел од сезоната во ЛШ.

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за во петок со почеток во 12 часот.

 

Се вчитува...