Познати се термините за натпреварите од Купот Благоја Георгиевски – Буштур

Купот на Македонија кој од претходната година е во чест на Благоја Георгиевски – Буштур и оваа сезона ќе се одржи во СРЦ „Кале“ и истиот ќе се одвива престојниот викенд од 18. до 20 јануари. За трофејот ќе разигруваат осум екипи во машка и четири клуба во женска конкуренција.

Богатата петочна, четвртфинална програма ќе започне со натпреварот помеѓу Пелистер и ТФТ од 12. часот и ќе продолжи со дуелите помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар од 14.30 часот, Работнички и Феникс 2010 од 17 часот, а денот ќе се комплетира со мечот помеѓу Еуро Никел 2005 и Академија ФМП од 19 и 30.

Вториот ден покрај полуфиналните средби во машка конкуренција ќе се одиграат и полуфиналните дуели од женска конкуренција во кои од 12 часот силите ќе си ги одмерат Бадел 1862 и Струга 2009, и Баскет Кам 2011 и Вардар од 14 часот и 30 минути. Првото машко полуфинале е закажано за 17.часот, а од 19.30 часот ќе биде познат и вториот патник во финалето.

Неделата е резервирана за двата финални натпревари. Од 17 часот ќе играат двете најдобри екипи во женска, а од 19.30 часот во машка конкуренција.

Се вчитува...