Познати шампионите во Детската лига на ФФМ: Вардар, Прилеп, Академија Пандев, Њу Старс

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје одиграна завршницата од ФФМ Детските Лиги за сезона 2018/19.

Во категорија родени 2006, шампион за сезона стана екипата на ФК Вардар. Младите „вардарци“ ги освоија и шампионските титули во кетегории родени 2007 и 2008. Шампион на Македонија во категорија родени 2009 за оваа сезона е екипата на ФК Прилеп. Во категорија родени 2010 екипата на Академија Пандев, додека во најмладата возрасна категорија, родени 2011, шампион стана екипата на Њу Старс.

Индивидуалните признанија ги понесоа следните играчи:

2006 – Најдобар Стрелец: Алтин Алију (Вардар); Најдобар Голман: Андреј Данстак (Вардар)

2007 –  Најдобар Стрелец: Марко Блажевски (Кул); Најдобар Голман: Антонио Пишевски (Вардар)

2008 – Најдобар Стрелец: Дитмир Хоџа (Јанг Тим); Најдобар Голман: Лука Грчевски (Вардар)

2009 – Најдобар Стрелец: Јоаким Ѓорѓиев (Постолов); Најдобар Голман: Петар Талевски (Прилеп)

2010 – Најдобар Стрелец: Ерхан Цома (Јанг Тим); Најдобар Голман: Евгенија Велјановска (Биџо)

2011 – Најдобар Стрелец: Енез Ферати (Њу Старс); Најдобар Голман: Лука Марковски (Њу Старс)

На големо задоволство на добитниците на наградите за најдобри стрелци, истите им беа доделени од страна на репрезентативците на Македонија, Александар Трајковски и Кире Маркоски. Сите добитници на наградите за најдобар голман, истите ги примија од тренерот на голманите во нашата најдобра селекција Гого Јовчев.

Пехарите за најдобрите четири екипи во сите шест категории беа доделени од нашата легенда Кочо Димитровски и директорот на репрезентацијата, Дени Масев.

Се вчитува...