Познати „шеширите“ за ЛШ: Ливерпул е „мината“ што сите сакаат да ја избегнат

Се е подготвено за извлекувањето на групите за новата сезона од Лигата на шампионите, што ќе се случи утре со почеток во 18 часот. Последните три билети им припаднаа на Црвена звезда, Бенфика и на ПСВ Ајндховен, при што португалскиот гигант ќе се најде во вториот шешир, холандскиот првак во третиот, а српскиот шампион во четвртиот шешир при утрешното извлекување.

„Бомбата“ што сите ќе сакаат да ја избегнат се вика Ливерпул, актуелниот европски вицешампион се наоѓа во третиот шешир, како учесник во потенцијална „група на смртта“. Ливерпул и лани беше во слична ситуација, но доби лесна група со Спартак Москва, Севилја и Марибор, па интересно ќе биде да се види дали тимот на Јирген Клоп повторно ќе има среќа при ждребот.

Најпосакуван ривал од носителите дефинитивно е рускиот првак Локомотив Москва, кој се наоѓа во друштво на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер сити.

 

ПРВ ШЕШИР: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, ПСЖ, Локомотив Москва.

ВТОР ШЕШИР: Борусија Д., Порто, Манчестер јунајтед, Шахтјор, Бенфика, Тотенхем, Наполи, Рома.

ТРЕТ ШЕШИР: Ливерпул, Шалке, Лион, Монако, Ајакс, Валенсија, ПСВ Ајндховен,ЦСКА Москва.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: АЕК, Црвена звезда, Плзен, Бриж, Галатаасарај, Јанг бојс, Интер, Хофенхајм.

Се вчитува...