Познати сите полуфиналистки на Вимблдон

Кербер, Барти, Плишкова и Сабаленко се четирите полуфиналистки на женскиот турнир на Вимблдон.

Чешката тенисерка, Каролина Плишкова до полуфиналето дојде со победата над Викторија Голубиќ од Швајцарија со 6-2 и 6-3, па во полуфиналето во четврток ќе се соочи со белоруската тенисерка Арина Сабаленка која ја победи Жабер од Тунис со 6-4 и 6-3.

Германката Анжелик Кербер во полуфиналето се пласираше по триумфот над Мухова од Чешка со 6-2, 6-3. Кербер во полуфиналето ќе игра против Ешли Барти од Австралија која, пак, ја победи сонародничка Томљaновиќ со 6-1, 6-3.

Се вчитува...