Познати составите за мечот со Италија: Ангеловски со Радески како десен бек…

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Познати се составите за квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Македонија кој од 20:45 часот стартува на „Олимпико“ во Торино.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски со неколку интересни одлуки за одбраната стартува против Италијанците. Марјан Радески го почнува натпреварот и тоа по десната страна во формацијата 3-5-2, а на една од централните дефанзивни позиции, како стопер ќе биде Стефан Ристовски, заедно со Муслиу и Велковски.

Од левата страна ќе биде Езгијан Алиоски, во средниот ред Барди, Ферхан Хасани и Стефан Спировски, и Горан Пандев и Илија Несторовски како најистурени напаѓачи.

Sostavi

Се вчитува...