Познати составите за мечот во Минхен: Модриќ си знаеше како размислува Анчелоти

Познати составите за првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид кој од 21 часот се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

Во тимот на Реал од првата минута нема да биде Лука Модриќ и покрај тоа што претходно беше најавено дека хрватскиот репрезентативец би можел да биде во почетниот состав на местото на Тони Крос.

Кај Баерн Минхен нема изненадување, а на крајот очекувана е и одлуката на Карло Анчелоти за почетните „кралеви“ согласно довербата која и ја даваша на одредени фудбалери изминатиов период.

Баерн Минхен ќе биде ослабен вечерва со неиграњето на Коман, Бухман, Марушиќ, Де Лихт и Сар.

Се вчитува...