Познати стартните состави: Македонија со Пандев и Несторовски во нападот, Николов во средниот ред

Познати се составите за пресметката меѓу Македонија и Косово во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на ЕП од Лигата на нациите.

Македонскиот селектор, како што се очекуваше, со Горан Пандев и Илија Несторовски ќе биде во нападот на мегданот против северниот сосед, а во средниот ред ќе бидат Адеми, Николов и Барди, заедно со Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски на крилните позиции.

Во дефанзивата место досега стандардниот Кире Ристевски ќе биде Бејтулаи, заедно со Муслиу и Велковски, како последен бедем пред голот на повратникот Столе Димитриевски.

Се вчитува...