Познати судиските двојки за двомечот меѓу Македонија и Данска

Ракометната репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Данска во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година. Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го судат српските арбитри Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ.

На вториот меч кој е закажан за три дена подоцна во Алборг, на центарот ќе бидат Унгарците, Петер Хорват и Балаж Мартон. Македонија одлично ги стартуваше квалификациите со домашна победа над Финска и гостинска над Швајцарија, додека утрешниот меч со Данска ќе биде деби на Кирил Лазаров на клупата на националниот тим.

 

Се вчитува...