Познати термините за натпреварите на Вардар во ЛШ: Ќе се игра во среда и четврток од 20:45 часот

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групната фаза за сезоната 2020/2021. Од оваа сезона натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат преку недела, во среда или четврток.

Единствено нема потврда за дуелот со Кјелце од 8. коло што треба да се игра на 25. или 26. ноември. Се чека потврда и за саатницата.

Своите натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански” екипата на Вардар 1961 ќе ги игра во термин од 20:45 часот, со исклучок на дуелот со Кјелце на 19. ноември што ќе се игра од 18:45 часот. Во тој термин ќе гостуваме и во Унгарија кај ПИК Сегед во рамките од 3. коло на 1. октомври.

Од сезонава лигата на шампионите ќе се игра само во две групи. Вардар е во група со: ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Фленсбург.

ТЕРМИНИТЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР ВО ЛШ:

1. коло – 16. септември: Мешков Брест – Вардар 1961 (18:45 ч.)

2. коло – 24. септември: Вардар 1961 – Елверум (20:45 ч.)

3. коло – 1. октомври: ПИК Сегед – Вардар 1961 (18:45 ч.)

4. коло – 15. октомври: Вардар 1961 – Фленсбург (20:45 ч.)

5. коло – 22. октомври: Вардар 1961 – Порто (20:45 ч.)

6. коло – 29. октомври: ПСЖ – Вардар 1961 (20:45 ч.)

7. коло – 19. ноември: Вардар 1961 – Кјелце (18:45 ч.)

8. коло – 25/26. ноември: Кјелце – Вардар 1961

9. коло – 3. декември: Порто – Вардар 1961 (20:45 ч.)

10. коло – 10. декември: Вардар 1961 – ПСЖ (20:45 ч.)

Се вчитува...