Познати термините за натпреварите во Лига Нации: Македонија отвора со Бугарија на гости!

Во Нион, седиштето на УЕФА беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лигата на нации за сезоната 2022/2023.

Македонската репрезентација е во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Нашиот најдобар национален тим натпреварувањето го отвора со гостинска пресметка против Бугарија на 2. јуни 2022 година. Првиот домашен натпревар ќе го одиграме против Грузија на 9. јуни 2022.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЛИГАТА НА НАЦИИ – СЕЗОНА 2022/23

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Се вчитува...