Познати тимовите за дуелот со Финска – Лазаров и Миркуловски ќе ја предводат Македонија во Рихимаки

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе и гостува на Финска во натпревар од 5. коло во квалификациите за Европското првенство 2022 година. Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот меч, на кој и тој се наоѓа како играч, а и неговиот помошник Филип Миркуловски.

Од ракометарите кои отпатуваа за Финска за овој дуел отпаданаа Марко Кизиќ, Ненад Костески и Михајло Младеновиќ. Македонија е фаворит на овој натпревар и со победа и математички ќе го осигураме пласманот на ЕВРО шампионатот следната година.

Мечот кој ќе се игра во финскиот град Рихимаки е со почеток во 17 часот.

Се вчитува...