Познати трите ѕвезди кои го „скроија“ отказот за Анчелоти: Левандовски, Робен и Милер…

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес објави синоќа дека пет искусни фудбалери од нивниот тим изминатиов период биле во отворена војна со Карло Анчелоти, и категорично инсистирале на негов отказ по поразот од ПСЖ.

Таа ситуација го принудила раководството без многу размислување да се ослободи од италијанскиот стратег. Хенес не ги соопшти имињата на фудбалерите кои инсистирале на смената на Анчелоти, но германските медиуми веднаш се појавија со информација за тројцата главни кои ја предводела „војната“: Роберт Левандовски, Арјен Робен и Томас Милер.

Покрај нив, за заминување на Анчелоти биле и Франк Рибер и Матс Хумелс.

Како што е познато, отказот за Анчелоти следеше по кратка постапка без претходно било какви шпекулации или најави за негово заминување од страна на германските медиуми.

Се вчитува...