Познати замените за НБА „Ол-стар“ викендот

Тренерите во Западната и Источната конференција во НБА лигата ги избраа замените за „Ол-стар“ викендот кој на 7. март ќе се одржи во Атланта.

Од Западната конференција тоа се, Крис Пол, Пол Џорџ, Демјен Лилард, Донован Мичел, Руди Гобер, Зајон Вилијамсон и Ентони Дејви.

Од истокот во Атланта ќе се најдат, Џејмс Харден, Џулијус Рендл, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Зак Левин, Бен Симонс и Никола Вучевиќ.

Како најголеми губитници се Девин Букер од Феникс, Тре Јанг од Атланта и Домантас Сабонис од Индијана кои не добија повик за настап на натпреварот на најдобрите во НБА лигата.

 

Се вчитува...