Познатиот тениски новинар со колумна: „Ѓоковиќ – 23, хејтерите – 0! Зошто е Новак најдобриот на сите времиња!“

Познатиот тениски новинар Кристофер Џонсон, кој во кариерата известувал од повеќе од 100 земји во светот, во своја колумна за „Гренд слем магазин“ без размислување со констатација дека „Новак Ѓоковиќ и дефинитивно е најголемиот на сите времиња“.

Џонсон уште со самиот наслов на колумната: „Ѓоковиќ – 23, хејтерите – 0: Зошто е Ѓоковиќ најголемиот на сите времиња!“, јасно порача што мисли за успехот на Новак и неговата борба да победува не само на теренот, туку и надвор од него.

„Кога тргнав на работа пред финалето на Вимблдон 2019 видов еден слабичок човек во бела тренерка како сам чекори по тивката улица во близина на ‘Ол Ингланд клуб’. Бев во неверување дека е тоа Новак Ѓоковиќ. Му нафрлив насмевка, а тој ми врати со иста мера. Беше тоа најголемиот (но и ‘најозлогласениот’) тенисер во историјата кој ете никогаш не го користеше ВИП-влезот на стадионот, но заедно со нас – смртниците“ – ја почнува колумната Џонсон и дополнува:

„Момците од обезбедувањето му понудија да ја носат неговата торба, тој одби, а јас им дофрлив: ‘Можеби ќе треба да му помогнете да го понесе трофејот по победата’, на што сите се насмеаја. А, во прес-центарот речиси 90% од сите мои колеги веќе наздравуваа за победа на Федерер сите негови фанови, што е малку чудно во новинарството, толку отворено да прикажуваш пристрасност. Но, ете, иако наздравуваа предвреме, не дочекаа на крај да слават, затоа што Новак го победи Федерер“.

Џонсон подоцна во текстот анализира како „хејтерите“ се насочиле против Новак од самиот почеток на кариерата, без да знаат ни кој е ни што.

„Почнаа да го мрзат затоа што ги предизвика нивните херои, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Луѓето од НАТО земјите, кои го бомбардираа Белград пролетта 1999, не веруваат во Новак затоа што е од Србија, а неговиот татко по потекло е од Косово. Не го сакаа затоа што добива долги, напорни мечеви. Го обвинуваа дека троши многу време меѓу поените и лажира повреди , дека пие мисторизна течност…. Смешни објаснувања, како да со такви нешта може да се победат Федерер или Надал. Па, тогаш секој ќе ги победуваше. Известувачот од Азија во 2011 година на Австралија Опен ми рече дека гранд-слемовите би требало да се играат на два добиени сета како би се спречел Новак да ја користи супериорната подготовка и издржливост да ги надигра Роџер и Рафа во пет сета. Тоа е тенис, не маратон, тврдеше. Смешно“ – пишува Џонсон, кој се осврнува и на Американецот Бен Ротенберг, еден од најгласните медиумски опоненти на Новак.

„Бен Ротенберг, кој никогаш немал искуство во новинарството, со озлогласени напади против играчите и новинарите од стар ков, собра илијадници свои следници по социјалните мрежи само промовирајќи ја идејата да се променат тениските правила како Ѓоковиќ би се спречел да ги изнемоштува противниците. Однесувајќи се како силеџија во школски двор, на интернет бараше можност да го скандализира Ѓоковиќ“ – дополнува Џонсон.

На крај тенискиот новинар со заклучок зошто е Новак најголем на сите времиња во светот…

„Дури и после сето тоа, многу хејтери и натаму го мрзат Ѓоковиќ. Но, тој сето тоа го надмина. Како Мухамед Али, неговата величина се дефинира така што ја надминува токсичната политика, дискриминација и омраза во својата ера. Светот никогаш не беше против Федерер, Надал, Бјерн Борг, Лендл или Род Лејвер, што и да направат. Ѓоковиќ ги сруши сите можни нивни рекорди затоа што ништо не можеше да го сруши неговиот дух – ни официјалните влади, ни турнирите, ни медиумите, ни навивачите кои постојано свират и во Њујорк, и во Париз, било каде. Затоа е Новак Ѓоковиќ најголем шампион на сите времиња во било кој спорт. Затоа што не се бореше само на теренот! А, победи и во двете паралелни „војни“ – заклучува Џонсон.

Се вчитува...