Познато е кога „пукналата тиквата“ помеѓу Анчелоти и Реал Мадрид

Реал Мадрид и Карло Анчелоти се разделуваат на 26. мај, а италијанскиот тренер потоа седнува на кормилото на бразилската репрезентација.

Шпански „Релево“ објавува дека клубот донел одлука  за разделба откако главниот тренер не бил целосно фокусиран кон играта и тактиката на екипата, во миговите кога имале шанса за сите трофеи. Од крај на март, Италијанецот бил во контакт со челниците на Бразилската федерација, а во последните недели контактите биле многу активно, па така наводно челниците на „кралевите“ му забележувале тоа што не мислел на клубот.

Исто така „Релево“ пренесува дека и самите играчи биле шокирани од тоа колку слабо се подготвувале за натпреварите со Арсенал во Лигата на шампионите. Играчите добиле само упаства, а никој од нив тактика за секоја ситуација. Како резултат на тоа бил и поразот и елиминацијата од англискиот тим. Токму тука „пукнала тиквата“ помеѓу двете страни.

Претходно се појави информација дека Реал Мадрид му прави проблем на Анчелоти да го преземе кормилотот на Бразил. Наводно Италијанецот барал отштета од 10 милиони евра,со што „кралевите“ го одбиле. Сега е јасно дека Италијанецот ги брои последните денови од својот престој во Мадрид.

Се вчитува...