Манчестер Сити продолжува да го притиска Арсенал во битката за титула по триумфот над Фулам со 3-0 со кој „граѓаните“ стигнаа на три бода негатива од лидерот, но и со натпревар повеќе.
Пеп Гвардиола мака мачи со повреди во сезоната, а последна која предизвика грижа во Манчестер е онаа на Ерлинг Халанд кој мораше да биде заменет на полувремето од вчерашниот натпревар.
Сепак според последните информации не станува збор за потешка повреда, туку проблеми со замор, а фактот дека Манчестер Сити уште по првите 45. минути имаше комотна предност, неговата замена е и логична.
Кога станува збор за останатите повредени фудбалери, очекувањата се дека наскоро на теренот би можел да се врати Џон Стоунс, но тој е единтвениот кој е блиску до камбек.
Ситуацијата со Доку и Савињо е проблематична, исто како онаа на Хрватите Ковачиќ и Гвардиол.
Ковачиќ кој го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда на Ахиловата тетива, а и подоцна имаше исти проблеми би можел да се врати најскоро до крајот на следниот месец, додека Гвардиол би можел да биде подготвен за игра дури на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

