Познато е кога Нејмар се враќа на терените

Бразилскиот фудбалер Нејмар е подготвен за камбек на терените по операцијата на метатарсална коска на стопалото, повреда  која ја обнови на мечот со Стразбур во јануари.

Нејмар се надева дека ќе биде подготвен за финалето на купот на Франција на 27. април, но само доколку неговите соиграчи во среда во полуфиналето го елиминираат Нант. Според „Л’екип“, Бразилецот кој е надвор од терените десет седмици, верува дека ќе успее да биде подготвен натпреварот од финалето на купот, доколку ПСЖ дојде до него.

Ако нема никакви непредвидени ситуации околу неговото опоравување, Нејмар се очекува да биде максимално подготвен до крајот на месец април, што значи дека ќе биде на располагање на селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите, за настапите на Копа Америка, на која „селесао“ ќе бидат домаќини, а ќе се игра во периодот од 14 јуни до 7 јули.

Се вчитува...