Познато е кој ќе биде новиот капитен на Барса по заминувањето на Бускетс

Играчот од средниот ред на Барселона и капитен на тимот Серхио Бускетс, го напушта клубот после долги години. Наводно самиот играч се одлучил на ваков потег, и тоа им го соопштил на челниците на „Каталонците“.

Бускетс најверојатно својата кариера ќе ја породолжи во САД, а во Барселона почнува една нова ера. Познато е кој ќе ја носи капитенската лента на идниот шпански првак за следната сезона.

Прв капитен ќе биде Серхи Роберто, додека негова замена Жорди Алба. Тер Штеген ќе биде прогласен за трет капитен, а ако ниту еден од овие тројца не е на теренот, тогаш капитенската лента ќе замине на раката на Дембеле.

Меѓутоа сите овие планови може да ги поремети евентуалното враќање на Лионел Меси, кој би можел одново да ја има капитенската лента на тимот доколку елтово се реши да се врати на „Ноу Камп“.

Се вчитува...