Познато е кој прв заминува од Реал Мадрид

Реал Мадрид не успеа да ја одбрани евролигашката титула откако во големото финале одиграно во Берлин претрпе тежок пораз од Панатинаикос. „Кралскиот тим“, одлично го отврои натпреварот, постигна 41 поен за 12 минути игра, но потфрли во продолжението постигнувајќи 39 поени до крајот на средбата.

Очекувањата се дека престојното лето тимот ќе претрпи поголеми промени, а најавено е веќе и првото заминување. Тоа ќе биде Венсан Поарие, францускиот центар кој во секој друг евролигашки тим би бил прва опција.

Триесетгодишникот висок 213 сантиметри кој просечно бележи 9 поени, 5.3 скокови и 1.5 блокови по натпревар оваа сезона ќе премине во редовите на Ефес.

Се вчитува...