Познато е колку ќе паузира Алкараз поради повредата, ќе загуби дури 3000 бодови

За една недела ќе наполни 23 години, а шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе мора да го мине во пауза. Вториот тенисер во светот нема да игра најмалку два месеци поради повреда на тетивата на зглобот на раката.

Шпанецот ќе го пропушти Мастерсот во Рим, а нема да игра ниту на престижниот Ролан Гарос, каде што требаше да ја брани титулата. Поради тоа ќе изгуби дури 3000 поени.

Алкараз се надева дека ќе се врати на „Квинс“, генералната проба за Вимлбдон.

„Целта е да биде подготвен за Квинс и за Вимблдон. Повредата е восплание на тетивата. За среќа нема руптура. Карлос е добро расположен и уверен е дека ќе се враит уште посилен. Работи на се што може, но нема да го користи зглобот во текот на рехабилитација“, јавуваат од неговиот тим.

Алкараз се повреди пред околу десет дена во Барселона. Тој го помина првото коло, а се откажа од второто. Првично, сериозноста на повредата не беше позната, но подоцна објави дека нема да игра во Рим или Ролан Гарос. Шпанските медиуми имаат сомнеж колку тој ќе биде подготвен и после повредата, со оглед дека Надал ја имаше истата, па таа имаше влијание врз неговата форма во тоа време. 

Се вчитува...