Познато е колку ќе заработува Никола Калиниќ во Црвена Звезда

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ се наоѓа пред камбек во редовите на Црвена Звезда и тоа со повеќегодишен договор. Крилниот центар ќе потпише тригодишен договор со вредност од пет милиони евра, открива „Спорт Клуб“.

Тоа ќе биде трет мандат на Калиниќ во редовите на белградските „црвено-бели“. Претохдно настапуваше за актуелниот АБА шампион во сезоните 2014/15 и 2021/22 освојувајќи две титули во домашното првенство и АБА лигата, а во 2022 година беше и прогласен за најкорисен играч на регионалното натпреварување.

Последните две сезони Калиниќ ги помина во редовите на Барселона, а претходно настапуваше и за Спартак Суботица, Нови Сад, Војводина, Раднички Крагујевац, Фенербахче и Валенсија.

Се вчитува...