Познато кога ќе почне преодниот рок во Англија

Раководството на англиската Премиер-лига го одреди датумот кога ќе почне летниот преоден рок. Поради пандемијата од коронавирусот многу работи во светот на фудбалот се различни од претходните години, а меѓу нив и преодните рокови кои ќе бидат во најсилните првенства. Англичаните се решија трансфер периодот да почне 27. јули, а ќе трае се до 5. октомври.

Хаосот кој го предизвика коронавирусот беше клучен да се одложи и трансфер рокот, а фудбалските клубови во Англија ќе имаат 10 седмици за доведување на нови фудбалери. Сепак, се очекува летово да биде помирно, бидејќи голем број од клубовите поради кризата поврзана со пандемијата ќе имаат далеку помал буџет за новата сезона.

 

Се вчитува...