Познато кога ќе се врати Лука на терените, но дали дотогаш…

Словенечката ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се врати на теренот дури на 1 мај, според ЕСПН, па ќе ги пропушти повеќето натпревари во првото коло од плејофот со Хјустон Рокетс.

Словенецот, кој и покрај повредата беше најдобар стрелец во лигата во регуларната сезона со просек од 33,5 поени, во четвртокот гледаше кошаркарски натпревар со тенискиот ас Новак Ѓоковиќ во Мадрид. Дончиќ отпатува во Шпанија откако се повреди на натпреварот против Оклахома на 4 април, а во Шпанија неговата болна тетива беше третирана со посебен иновативен метод.

Иако кружи веста дека Дончиќ ќе игра во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот, ЕСОБ, повикувајќи се на Дончиќ, го наведува 1 мај како очекуван датум на неговото враќање од повредата. Потоа се очекува тимовите да одиграат евентуален шести натпревар, доколку победникот не се одлучи порано.

Официјално, Дончиќ е надвор од теренот на неопределено време, а неговиот статус за првото коло од плејофот против Хјустон останува сериозно доведен во прашање.

Се вчитува...