Познато кога Рафаел Надал се враќа на терените

Најдобриот шпански тенисер на сите времиња и освојувач на 22 гранд-слем титули, Рафаел Надал се подготвува за враќање на терените.

Се чини дека тој целосно се опорави од проблемот со повредата на колкот што го оддалечи од терените цела сезона. Шпанскиот тенисер најави дека сака да игра веќе на првиот гранд-слем следната сезона  Австралија опен.

Се очекува тој да настапи Јунајтед купо, кој се одржува од 29. декември до 7. јануари. Втора опција е да се појави на турнирот во Аделаида кој започнува на 8. јануари.

Се вчитува...