Познато кога Реал Мадрид ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“

Фудбалот за нешто помалку од еден месец ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми. Уште од почетокот на пандемијата во 2020 година која ги забрза работите на култниот стадион Реал Мадрид игра на помошниот „Алфредо ди Стефано“.

Капацитет на стадионот ќе остане 81.000, но со потполно нов надворешен изглед кој ќе добие и нов голем екран, шопинг-центар, хотел, нови ресторани и подземни гаражи на пет нивоа.

Реал би требало да го отвори стадионот на 12. септември, но сепак сите работи нема да бидат готови до крајот на 2022 година. Шпанските медиуми дополнуваат дека работниците на стадионот работат 24 часа како би можело што побрзо да дојде до отворање на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...