Познато кој е фудбалерот на Евертон кој е уапсен за педофилија

Премиер-лигата ја потресува нов скандал откако доцна синоќа беше обелоденето дека еден фудбалер од елитното англиско друштво е суспендиран под сомнение за педофилија. Нешто подоцна беше обелоденето дека станува збор за фудбалер на Евертон, а веќе англиските медиуми пренесуваат дека се работи за Исланѓанецот, Гулфи Сигурдсон.

Тој веќе ги избришал сите свои профили на социјалните мрежи, а истото го направила и неговата сопруга. Од клубот се уште нема официјална потврда за кого се работи туку само пренесоа дека нема да излезат со нови информации додека трае истрагата.

Сигурдсон во Евертон пристигна во 2017 година од редовите на Свонси. За клубот запиша 192 натпревари на кои постигна 25 гола.

Се вчитува...