Познато кој ќе го води ПСЖ следната сезона

Германскиот стратег, Јулијан Нагелсман ќе седне на клупата на Пари Сен Жермен, пренесува реномираниот „Л’екип“.

Нагелсман ќе го презеде Пари Сен Жермен, а негов помошник во клубот ќе биде легендарниот Тјери Анри. Нагелсман и ПСЖ се веќе во напредни преговори и наскоро се очекува да постигнат комплетен договор, а со тоа Германецот да седне на клупата и почне да го гради тимот, кој ќе претрпи сериозна реконструкција зашто веќе е сигурно заминувањето на Лионел Меси и на Серхио Рамос, а во најава е заминување и на Нејмар.

ПСЖ веќе договори две засилувања во имињата на Марко Асенсио од Реал Мадрид и Милан Шкринар од Интер.

Се вчитува...