Познато колку пари ќе инкасира Франција за победата во Лигата на нации?

Овогодишниот шампион во Лигата на нации, Франција, ќе инкасира вкупно 10,5 милиони евра за победата во финалето против Шпанија.

Килијан Мбапе им донесе радост на „триколорите“, кои први примија гол, но потоа направија пресврт. Победничкиот погодок беше полемичен, со оглед на можната офсајд позиција на францускиот голгетер.

Шпанската репрезентација како финалист ќе добие девет, а третопласираната Италија си замина дома со осум милиони евра.

Прв победник на новото натпреварување на УЕФА беше Португалија, која доби наследник во тимот предводен од Дидие Дешамп.

Се вчитува...