Познато зошто Федерер нема да игра во Мелбурн – Главна причина сопругата Мирка

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер реши да се откаже од учество на Австралија опен бидејќи неговата жена Мирка не сакала со четири деца да биде две седмици во карантин, тврдат организаторите на првиот Грандслем во сезоната.

„Главна причина беше карантинот. Разговарав со него пред еден месец и имаше две опции. Можеше да дојде со целото негово семејство и две недели да бидат во карантин. Проблемот е што Мирка и децата не би можеле да ја напуштат собата. Би морале 14 дена да бидат во една просторија. Другата опција беше да дојде сам што значеше дека пет седмици ќе биде одвоен од семејството. Самиот кажа дека не сака да биде одвоен од семејството“, изјави првиот човек за односи со тенисерите, Андре Са.

Федерер не игра од јануари минатата година кога во полуфиналето токму на турнирот во Мелбурн изгуби од Новак Ѓоковиќ, а потоа поради повреда на коленото мораше во текот на 2020 да направи две операции.

Се вчитува...