Прандели: Пандев го „збудале“ Наполи

Џенова успеа да остане непоразена на тешкото гостување против Наполи, а во главна улога беше Горан Пандев. Македонецот по подолга пауза доби шанса во првиот тим и одигра импресивно, имаше два опасни шута во првите десетина минути, а потоа и асистираше при израмнувачкиот погодок на Лазовиќ.

„Пандев ја направи разликата додека беше на теренот. Тој одлично се снаоѓаше меѓу линиите во тимот на Наполи и го збудале противникот. Искрено жалам што не постигна гол, имавме шанси пред да останеме со фудбалер помалку на теренот“ – истакна тренерот Чезаре Прандели.

Навивачите на Наполи не го заборавија придонесот на Пандев додека го носеше дресот на овој клуб, па Македонецот беше со аплаузи испратен од тифозите кога го напушташе теренот кон средината на второто полувреме.

Се вчитува...