Прандели проговори како бил изигран во Валенсија

Дури десет различни тренери ја водеа Валенсија на официјални натпревари во последните четири години. Последен од нив беше Чезаре Прандели, кој на 16 октомври беше доведен како спасител на „лилјаците“, за два и пол месеци подоцна самиот да си поднесе оставка од тренерската функција.

Ваквиот потег на Прандели, повлечен на 30 декември, беше изненадување за многумина, а италијанскиот стратег веднаш по враќањето во татковината проговори и за причините за заминувањето, за што директно го обвини газдата на клубот, Питер Лим.

Кога преговаравме за моето доаѓање Лим ми вети четири нови засилувања со кои требаше да ја направам Валенсија конкурентен тим. Тогаш дојде 29 декември, повторно се сретнавме и ми кажа да бидам меѓу еден играч за врска или Симоне Заза. На крајот ситуацијата се сведе на само едно засилување. Преговаравме за Заза, а кога си дојдов од одмор увидов дека никој ништо конкретно не презема на таа тема. Не можев да поверувам дека ветуваа многу работи што не можат да ги исполнат, па увидов дека најдобро ќе биде ако си заминам“ – истакна Прандели.

Со таква несериозна управа, не е изненадување што Валенсија е предалеку од поранешните победнички патеки, па моментно се наоѓа на очајното 17. место на табелата во Примера дивизион.

Се вчитува...