Прашање е на часови: Тибо Куртоа доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“

Белгискиот голман Тибо Куртоа доаѓа во редовите на европскиот првак Реал Мадрид. Трансферот, како што најавува шпанска „Марка“ е извесен и може да биде комплетно реализиран во следните неколку часа. Белгиецот треба да потпише петгодишен договор со „кралскиот клуб“.

Куртоа имал разговор со новиот менаџер на тимот од „Стемфорд бриџ“, Маурицио Сари, најавувајќи му дека неговата желба е да си замине и да оствари трансфер во Реал Мадрид.

„Не треба ништо да коментирам во овој молмент. Можам да кажам дека сум мирен и се надевам на добар развој на настаните“, изјави Тибо Куртоа за англиските медиуми.

Белгиецот сака да се врати во Мадрид и да биде поблиску до своето семејство, кое остана да живее во шпанската престолнина уште од периодот кога тој го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...