Прашање на денот: Ќе може ли Карачиќ да игра во финалето?

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Игор Карачиќ го постигна голот за прво водство на Вардар, во самиот финиш од вчерашното полуфинале со Барселона, но притоа заработи незгодна повреда поради која остана да лежи на теренот, па на рацете на Криштопанс беше изнесен кон клупата за резерви.

Хрватот по мечот изјави дека станува збор за повреда на листот на ногата, а деталните прегледи ќе покажат колку е сериозен проблемот. Прашање на денот е дали Карачиќ ќе може да помогне во мечот за трофејот, шансите реално се мали со оглед на состојбата на хрватскиот ас по повредата, но јасно е дека лекарскиот тим на „вардарци“ ќе стори се доколку постои и најмала шанса – да успее да го оспособи за настап.

Едно е сигурно, бековската линија на „црвено-црните“ ионака е крајно истенчена, Дисингер се уште не е на 100% по тешката повреда во СЕХА, а отсуството на Карачиќ дополнително би му ја искомпликувала работата на тренерот Парондо.

Сепак, кога се говори за македонскиот тим во ракометна Европа, едно правило важело и ќе важи: Никогаш не отпишувајте ги „вардарци“.

Се вчитува...