Правилата на Луис Енрике: Нема мобилни, семејно дружење и ’излети’ во Мадрид

Фудбалската репрезентација на Шпанија почнува нова ера, под раководство на Луис Енрике. А новиот селектор воведува и нови правила во националниот тим. Покрај тоа што изостави неколку досега стандардни фудбалери, како Коке и Жорди Алба, тој има и свои правила за однесување во репрезентацијата.

Поранешниот тренер на Барселона е познат по строгата дисциплина, па фудбалерите ќе мораат да ги почитуваат новите правила.

Додека селекцијата е во кампот, репрезентативците нема да добијат слободно време кое ќе можат да го поминат со своите семејства и со пријателите, туку цело време ќе бидат во карантин. Забранета ќе биде и употребата на мобилни телефони за време на оброците, а селекцијата веќе нема да се враќа во Мадрид меѓу натпреварите, како што тоа беше случај досега.

Хулен Лопетеги беше многу полиберален селектор, но тој доби отказ пред самиот почеток на СП, откако беше откриено дека има потпишано договор со Реал Мадрид од стартот на оваа сезона.

 

Се вчитува...