Правилникот на ФИФА: Што ако две селекции имаат ист број на бодови…

Во пресрет на конечната разврска и третото коло во групната фаза од СП 2018, ФИФА уште еднаш потсети на своите пропозиции околу тоа како ќе се рангираат репрезентациите доколку ја завршат првата рунда со идентичен број на бодови. За разлика од ЕП каде во преден план е меѓусебниот дуел, на овој мундијал клучна е гол-разликата.

Рангирање на селекциите во групната фаза.

1 – Број на бодови

2 – Гол-разлика

3 – Број на постигнати голови

Доколку две или повеќе селекции имаат идентични бројки во овие три критериуми, тогаш нивното рангирање ќе се базира врз:

1 – Поголемиот број на бодови освоен во меѓусебните дуели меѓу тие селекции.

2 – Гол-разликата во меѓусебните натпревари меѓу тие селекции (доколку се повеќе од две).

3 – Поголемиот број на постигнати голови на меѓусебните дуели.

4 – Број на поени во однос на фер-плеј на репрезентациите (жолт картон е минус еден, црвен картон со два жолти – минус три, директен црвен картон – минус четири, жолт и директен црвен картон е минус пет поени).

5 – Доколку сите овие критериуми се еднакви, патникот во следната рунда се решава со ждрепка.

Се вчитува...