Празнично добредојде за Македонија на стадионот “Даугава” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Среќен 8 Септември како да сакаа да ни посакаат Летонците при самото влегување на стадионот “Даугава”. Македонското знаме прекрасно изгледа на клупата за резерви наменета за нашиот национален тим. Стадионот е прекрасно здание, се одушеви и капитенот Горан Пандев кој има играно и на најубавите светски стадиони.

Пречекот е пријатен, Летонците домаќински расположени, но тоа не значи дека треба да им “простиме” утревечер и да не ги освоиме трите бода. Фудбалерите во овие моменти го одржуваат официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот меч. Победата е единствена опција…

 

 

 

Се вчитува...