Преамбициозно или не: Милан тргнува по Гонзало Игуаин

Милан минатото лето приреди големо изненадување ангажирајќи го капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи, а „росонерите“ сега најавуваат нова офанзива по ас на „старата дама“. И тоа не било кој, туку најдобриот стрелец на Јуве, Гонзало Игуаин, кој веќе нема сигурен првотимски статус по решеноста на Алегри да го врати во Торино шпанскиот голгетер Алваро Мората.

„Росонерите“ се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, но влегувањето на американски конзорциум во најтесната управа ќе придонесе овој клуб да ги надмине потешкотиите, воедно и да има стабилен буџет за засилувања за наредната сезона. Андре Силва и Калиниќ не ги оправдаа очекувањата минатата сезона и речиси сигурно ќе бидат продадени, а „росонерите“ сакаат да го доведат Игуаин како лидер на навалната линија, но исто така и некој крај кого младиот Кутроне уште повеќе ќе се развива во врвен голгетер.

Останува да се види дали овој обид ќе се покаже како преамбициозен, ако се знае дека интерес за аргентинскиот ас покажуваат и Челси и Арсенал, а тој се споменува и како опција за ПСЖ доколку Кавани си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...