Пречката и Гачевски го спасуваа Вардар, нема голови на Чаир на полувремето

Шкупи и Вардар играат без голови во првиот дел од 25. коло во македонската Прва лига. Чаирскиот тим напаѓа, има повеќе посед на топката, повеќе шанси, но Гачевски спасуваше во еден наврат, а потоа и пречката ги спаси Вардарци по една ситуација.

Вардар од другата страна имаше една закана по противнапад на Брдаровски, но во клучен момент му побегна топката, и шансата отиде во неповрат.

Нема голови ниту во Кавадарци, каде што Тиквеш и Силекс играат без голови по првиот дел.

Се вчитува...