Пред 13 години го избрка Ибрахимовиќ од соблекувалната, сега Меси првпат има друг шеф во соблекувалната

Лионел Меси е еден од убедливо најдобрите фудбалери веќе 15 години, можеби и најдобриот во историјата на фудбалот. Токму затоа и често може да си дозволи да се прашува за се во соблекувалната, а било кој играч кој би се обидел да му се спротистави би бил веднаш продаден. Го знае тоа најдобри Златан Ибрахимовиќ од времето на Барселона.

Кога пристигна во 2009 година Ибра стана сериозна закана за меси поради што Аргентинецот побара од Пеп Гвардиола да го продаде Златан. Па, по само една сезона на „Ноу Камп“, Ибрахимовиќ се пресели во Милан а Меси повторно загосподари со соблекувалната и низ следните години стана „алфа и омега“ за целиот тим.

По долгите години во каталонскиот тим се пресели во ПСЖ каде доби нов шеф од кој тешко ќе се ослободи. Славниот француски фудбалер, Роберт Пирес, изјави дека Меси веќе го прифатил фактот дека Мбапе е шеф во ПСЖ и на терен и во соблекувалната.

„Можеби звучи лудо, но тоа е реалноста. Меси не е во положба да се наметне како шеф во ПСЖ и затоа го прифати фактот дека тука Мбапе е господар“ – истакна Пирес.

Но, Пирес дополнува дека тие, токму поради тоа што Меси ја прифати улогата на Мбапе, тие двајцата одлично функционираат. Французинот е тој кој почесто постигнува голови, се се врти околу него во тимот, но Меси се става на располагање секогаш кога е потребно.

Се вчитува...