Хајдук ја поправа грешката: Пред 15 години му рекоа „не си ти за тука“, а сега силно го посакуваат

Хрватски Хајдук е силно заинтересиран за Анте Ребиќ, пишуваат турските медиуми. Се ближи крајот на соработката со овој играч со Бешикташ, па би можел летоска да замине на сплитски „Пољуд“.

Хајдук би добил екстра играч во битката за успех во Европа, а можеби и за Лигата на шампионите со оглед дека сплитскиот тим е во трка за титулата во Хрватска. Тоа би бил одличен напад предводен од Ребиќ и Ливаја, а тука е и Перишиќ доколку остане и по завршувањето на сезоната.

Сепак, интересен е фактот што Ребиќ беше „откачен“ од Хајдук пред 15 години. Во 2009 година, кога имал 15-16 години Ребиќ бил на проба во овој тим уште кога бил член на Имотски. Меѓутоа од сплитскиот тим коментирале „малиот не е за Хајдук“. Ова го пренесува „24 часа“ повикувајќи се на извор од Имотски, кој кажува дека овој играч бил тестиран од Хајдук, но не ја поминал пробата.

Ребиќ од РНК Сплит замина во Фиорентина, па играше и во Лајпциг, Верона, Ајнтрахт Франкфурт, Милан и сега е дел од Бешикташ.

Се вчитува...