Раул Хименез пред девет месеци едвај спаси жива глава откако на дуелот со Арсенал заработи хорор-повреда поради која итно мораше да му биде извршена операција на мозокот.
Мексиканецот не само што ја доби таа најважна битка, туку успеа да се врати и на терените, па добива шанса во нападот на Вулверхемптон во овој подготвителен период.
Хименез на денешниот пријателски меч со Стоук го постигна единствениот погодок за „волците“, негов прв по враќањето на терените. Емоциите беа посилни, па мексиканскиот голгетер не можеше да ги сокрие солзите, пресреќен што повторно има можност да го прави она што го знае најдобро – да ги тресе противничките мрежи.
Raul Jimenez is back scoring goals again 💚 (🎥 @Wolves) pic.twitter.com/qhs297OlPm
— B/R Football (@brfootball) July 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА